Skip to main content
Македонија

Денеска треба да се избере ВД Јавен обвинител

22/12/2025  08:20

На седница на Советот на јавни обвинители денеска треба се именеува вршител на должноста државен јавен обвинител на местото Љупчо Коцевски кој си поднесе оставка.

Оваа седница првично беше закажа за 19 декември, ни беше одложена поради отсуството на еден член.

Од таа причина, членот на Советот, обвинителот Ермон Незири предложи да се одложи изборот на в.д. јавен обвинител на Република Северна Македонија, бидејќи, како што рече, тоа е значајно прашање и треба во полн состав да се избери в.д. јавен обвинител. Со ваквиот прелдог на Незири се согласија сите членови на Советот ја јавни обвинители.

Вршителот на должност јавен обвинител на Република Северна Македонија се назначува согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство, а се определува од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Должноста ќе ја извршува до именување на нов државн јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.

Јавни обвинители во Јавното обвинителство на РСМ се Анита Тополова Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски.

Љупчо Коцевски минатата недела на 17 декември, истиот ден кога Собранието требаше да расправа за предлогот на Владата за негово разрешување, на прес-конференција објави дека поднел неотповиклива оставка на функцијата.