Skip to main content
Македонија

Денеска протестен марш за полагање правосуден испит на албански јазик

06/04/2026  09:36

Денеска, со почеток во 12:30 часот од страна на група граѓани ќе се организира протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит. Протестот ќе започне од пред плоштадот „Карпошово востание“, улицата „11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по улицата „Никола Вапцаров“ и завршува на улицата „Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда.

Сообраќајот од овие улици ќе биде пренасочен, а МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Во пресрет на најавениот протест за полагање на правосудниот испит на албански јазик, градоначалникот на Чаир Изет Меџити повика на поголема свесност кај политичките и општествените актери, оценувајќи дека станува збор за прашање кое бара системски пристап.

Според него, во мултиетнички држави како Македонија, политичките елити имаат обврска континуирано да градат правни и институционални политики кои го одразуваат мултиетничкиот карактер и различноста на општеството.

„Јазичната политика во Македонија, за жал, е уредена со половичен закон. Половични закони даваат половични решенија“, посочува Меџити.