Skip to main content
Македонија

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

11/05/2025  09:59

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Утре и во понеделник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.