Skip to main content
Скопје

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

30/03/2025  07:57

– СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска со почеток од 10.00 часот поради одржување атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.