Skip to main content
Македонија

Денеска најавен протест за загинатата Фросина

14/05/2025  10:47

Ден откако возачот Васил Јованов беше осуден на лазна затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова, семејството на жртвата повика на протест.

Протестот е закажан за во 17.00 часот на местото каде Кулакова беше прегазена, односно на пешачкиот премин спроти Универзална сала во Скопје.

Семејството на Фросина, како и граѓаните жестоко реагираа на донесената пресуда барајќи построга казна, иако според одредени адвокати, казната за Јованов е највисока изречена казна до сега за такво дело.