Skip to main content
Македонија

Денеска ќе имаме сончево време

07/03/2026  08:08

Денеска ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 5 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 12 и 18 степени.

Во Скопје се очекува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во текот на утрешниот ден и во понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време, со можност за слаби локални врнежи од дожд. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, со услови за појава на утринска магла по котлините, додека дневните температури постепено ќе бележат благ пораст.