
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затворач на улицата Никола Русински бб, општина Карпош, односно објектот на АД Пошта на РСМ, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улицата Козле 132, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од улицата Козле, дел од улиците Јуриј Гагарин, Мокра, Кораб и Струшка.
Со намален притисок на водоснабдување ќе бидат населбите Трнодол, Жданец и Нерези. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
• во периодот од 7:30 до 15:00 часот дел од корисниците на улицата „Христо Татарчев“, потег од резиденција на Чешка амбасада до маркет „Давидов“, Општина Кисела Вода;
• во периодот од 9:00 до 15:00 часот, дел од потрошувачите на улица „Козле 2“ и улица „Козле“, Општина Карпош.