Skip to main content
Македонија

Денес сончево со ветер, од утре повторно пораст на температурите

29/06/2025  08:08

Управата за хидрометеорологија (УХМР) за денес прогнозира претежно сончево време со умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе достигнува брзина од 60км/ч.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневнaтa температура.