Skip to main content
Македонија

Денес (недела 8 јуни) ќе биде најтоплиот ден досега оваа 2025 година!

08/06/2025  09:41

Денес (недела 8 јуни) во нашата Република Македонија топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 37 степени.

Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вреднот и ќе изнесува коефициент 8.

Денешниот ден ќе биде и најтоплиот ден досега оваа 2025 година.