Skip to main content
Скопје

Денес делови од две скопски општини ќе останат без струја

01/09/2025  10:09

Без струја денеска од 8 до 9 часот ќе бидат дел од корисниците од ул. „Иван Манолев“ во општина Бутел, а од 8 до 14 часот дел од корисниците од ул. „Тодор Чангов“ во општина Аеродром.

– Прекинот на снабдувањето со струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД.