Skip to main content
Балкан

Демонстрантитесе обидоа да влезат во Собранието на Краљево, скршени стакла, турканици – има и повредени

19/02/2025  18:56

Демонстрантите денеска се обидоа да влезат во Собранието на Краљево, a еден излета низ стаклото на вратата.

При туркањето било скршено стаклото на влезната врата од Собранието. Како што јавува телевизија Н1 при обидот да влезат во зградата на Собранието на Краљево, еден од демонстрантите излетал низ стаклото на вратата и него веднаш го однела Брзата помош за да му се укаже лекарска помош.

Насобраните пред зградата на парламентот во Краљево прават врева со свирчиња, и извикуваат пораки до градоначалникот „Терзиќ, замини“, „Терзиќ, поднеси оставка“.

Блокадата на седницата на Градското собрание на Краљево трае од 9 часот утринава, откако на говорница излезе советникот од Локалниот фронт Владан Славковиќ, кој рекламирајќи го деловникот побара градоначалникот Предраг Терзиќ да биде отстранет од седницата, по што му беше наредено да се отстрани од седницата, но тој остана на говорницата, пишува Данас.рс.