
Група демонстранти поставија Дедо Мраз во знак на протест против економската политика на Владата во Берлин. Фигурата стоеше пред канцеларијата на германскиот канцелар со натпис ,, Нема раст, нема подароци.Мирни празници бараат економски раст”.
Економските показатели го поддржуваат нивниот став, по падот од 0,2% во вториот квартал и стагнацијата во третиот, германската индустрија се соочува со високи енергетски трошоци, ослабена глобална побарувачка и дополнителен притисок од високите американски царини. Автомобилската индустрија сѐ уште страда поради недостиг на чипови, а конкурентноста дополнително ја нарушува засиленото производство во Кина.
Владата уверува дека економијата ќе излезе од застојот преку зголемени инвестиции во инфраструктурата и одбраната, но ефектите од овие мерки се очекуваат дури во следните години.
