Skip to main content
Македонија

Демографската криза галопира: Годинава во основните училишта во државата има над 1.400 ученици помалку

16/09/2025  15:47

Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2024/2025 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 180 627, што претставува намалување за 0.8 % во однос на претходната учебна година.

Тоа значи дека годинава во основните училишта учат 1.444 ученици помалку од лани.

Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2024/2025 година, изнесува 67 143, што претставува намалување за 0.2 % во однос на претходната учебна година, односно во апсолутни бројки 134 ученици помалку споредено со минатата година.