Skip to main content
Хроника

Демир Капија: Пред полициска контрола фрлиле кеса со бела прашкаста материја

15/02/2025  14:46

На 14.02.2025 во 21.15 часот на регионалниот пат, на влез во Демир Капија, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ извршена била контрола на патничко возило управувано од Д.И.(39), а како совозач бил С.П.(37), двајцата од Демир Капија, а непосредно пред контролата од прозорецот на возилото во движење С.П. исфрлил кеса со бела прашкаста материја.

Тие биле лишени од слобода и предадени на полициски службеници од Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.