Skip to main content
Скопје

Демант на Град Скопје на изјава на Борко Ристовски, министер за спорт

26/07/2025  13:07

Град Скопје помогна Македонија и Скопје да бидат домаќини на Европската младинска олимпијада 2025.

Претседателот на Македонски олимписки комитет Даниел Димески веднаш потоа одлучи дека организацијата ќе ја води заедно со Министерството за спорт и настанот спротивно на стандадите скандалозно половина го однесе во Куманово.

Цела година МОК и Министерството за спорт ја организираат олимпијадата, Град Скопје беше целосно исклучен, дури не доби ниту ПОКАНА ЗА ОТВАРАЊЕТО.

За Европската младинска олимпијада, откако не посрамија на меѓународна сцена, сега сакаат град Скопје да им е виновен за нивната неспособност.

Срамот е ваш, носете си го сами и сликајте се, стои во демантот од Град Скопје.