Skip to main content
Балкан

Делумно ставен под контрола шумскиот пожар во јужниот дел на грчкиот остров Евија

24/03/2025  11:04

Во планински непрооден дел во јужниот дел на грчкиот остров Евија во текот на ноќта избувна пожар, а утрово е делумно ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Противпожарната служба на Грција, интервенираат 45 пожарникари со два пешадиски тима и 16 возила, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.

Во текот на вчерашниот ден пожар избувна и во северозападниот дел на островот Лефкада, каде што превентивно беше евакуирано едно населено место, а пожарот околу полноќ беше ставен под контрола.