Skip to main content
Скопје

Делови од Скопје утре ќе останат без струја

01/06/2025  17:57

Скопје утре ќе се соочи со планирани прекини во електричната енергија, при што неколку населби ќе останат без струја во текот на денот. Според најавите, прекините ќе бидат реализирани во следниве термини и локации:

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (02.06.2025, од 09:00 до 12:00 часот)

– Дел од потрошувачите на ул. Крсте Гермов Шакир (бр. 30–34)

– Ул. Тодор Ципоски Мерџан (бр. 53–57)

КАРПОШ (02.06.2025, од 11:00 до 15:00 часот)

– Ул. Франце Прешерн бр. 99 и околните објекти

Од ЕВН информираат дека станува збор за редовни одржувања и интервенции на електро-системот. Граѓаните се повикуваат да ги планираат своите обврски навреме за да избегнат непријатности.