
ЕВН информираше прекини на струја утре во некои скопски општини. Прекините ќе бидат поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа.
Исклучувањата ќе започнат во утринските часови и на одредени локации ќе траат до попладне.
Во општините Гази Баба и Илинден, струја нема да има од 07:30 до 15:30 часот. Прекинот ќе опфати делови од улицата „Жан Жорес“, индустриски објекти и делови од населбата Хиподром.
Во општина Центар е најавен подолг прекин – од 09:00 до 17:00 часот, во делови околу улицата „Костурски Херои“, булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Св. Кирил и Методиј“.
Во Карпош и населбата Момин Поток, прекините ќе траат од 08:15 до 14:00 часот.
Во Драчево, пак, исклучувањето ќе биде пократко – од 09:00 до 12:00 часот. Надлежните апелираат граѓаните навреме да се подготват, особено доколку имаат обврски што зависат од електрична енергија.


