Skip to main content
Скопје

Делови од Скопје утре без струја

11/03/2026  18:02

Делови од Скопје ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електросистемот. Според најавениот распоред, прекини ќе има во Карпош, Козле и Ѓорче Петров, а најдолгиот прекин е предвиден до 15 часот.

Во Карпош, од 08:30 до 12:30 часот, без струја треба да останат корисниците на улицата „1506 Скупи“, дел од улицата „Никола Карев“ кај реката Лепенец, како и објектите во реонот околу „Стоп енд Го“. Во Козле, од 09:00 до 14:00 часот, прекин е најавен за дел од потрошувачите на улицата „Козле“, поточно околу бројот 91.

Најдолго без напојување утре треба да бидат делови од Ѓорче Петров. Таму од 09:00 до 15:00 часот се најавени исклучувања на улицата „Исаија Мажовски“, булеварот „Васил Војвода Чакаларов“ и на околните помали улици.