
Делови од Скопје од крајот на јуни се соочуваат со сè почести прекини и слаб притисок на вода. Причините се прекумерната потрошувачка, слабата мрежа, дивите приклучоци и урбанистичкиот хаос.

Од „Водовод“ најавуваат решенија од следната недела. Од Владата, пак, велат дека не се надлежни за проблемот.
Експертите предупредуваат дека во градот се гради и се планира како да има бескрајно вода.
Граѓаните од високите зони велат дека остануваат без вода со часови, па и цели денови. Други, пак, се жалат на слаб притисок, дури и во доцните ноќни часови.
Вода со часови немаат и институции и болници, како Македонската радио телевизија и Болницата за белодробни заболувања во Козле.