Skip to main content
Македонија

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Димитријевиќ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

02/08/2025  15:40

Соопштение за јавност на СДСМ:

По повод големиот празник 2ри август – Денот на Републиката,  делегација на СДСМ предводена од генерален секретар Александар Саша Димитријевиќ заедно со организацискиот секретар и кандидат за градоначалник на Куманово –  Мартин Костовски, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, советничката во советот на Куманово – Атина Мургашанска и Соња Тодоровска од општинската организација Куманово оддаде почит и положи цвеќе пред Меморијален центар на АСНОМ во Пелинце.

СДСМ е наследник на идеалите и вредностите на АСНОМ и антифашизмот и заштитник на слободата. Слава им на хероите, илинденците, партизаните, револуционерите! Нека е за многу години Илинден!