Skip to main content
Македонија

Дел од родителите на загинатите во „Пулс“ утрово дојдоа до Судска медицина

09/04/2026  08:57

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани утрово пристигнаа пред Институтот за судска медицина, каде побараа средба со директорот.

Семејствата се собраа пред институцијата со цел да добијат одговор од Институтот за судска медицина во Скопје дали биле вршени анализи за присуство на водороден цијанид и други слични токсични соединија при обдукцијата на телата.

По поминати повеќе од два месеци, родителите рекоа дека не добиле одговор.

Родителите најавуваат дека ќе продолжат да бараат одговори и правда за нивните најблиски, нагласувајќи дека институциите треба целосно да го расветлат случајот, објави 4news.mk