Skip to main content
Скопје

Дел од приватните превозници ќе возат редуцирано додека не ги добијат парите од ЈСП

26/12/2024  19:49

За време на новогодишните празници, дел од приваните автобуски превозници во Скопје, ќе возат со редуциран возен ред.

Причина за тоа е што дел од нив се уште не добиле пари од Град Скопје.

Приватните автобуски превозници се поделени во пакети (во зависност од линиите кои ги сервисираат) па дел од нив добија пари и велат дека нема да го редуцираат возниот ред.

Инаку, од следната година, приватните превозници ќе добиваат по плус 20 денари од извозен километар откако Советот на Град Скопје го усвои Буџетот за 2025 година.