Skip to main content
Економија

Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци

17/01/2025  14:07

Дел од големите ланци на маркети замрзнаа цени на основни производи во следните шест месеци, а се одлучија и натаму да ги задржат цените кои беа наметнати со т.н. Новогодишна кошничка.

Во посета на еден од нив беше заменик министерот за економија и труд кој вели дека главната цел на Новогодишната кошница била токму да се зголеми општествената одговорност кај стопанствениците.

Трговците велат дека имаат забелешки за Законот за нефер трговски практики, чија имплементација почна од Нова Година, но од Владата најавуваат дека за сите недостатоци на Законот ќе продолжат да дискутираат за да најдат најдобро можно решение.