
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“, информира дека денеска:
· поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1мм и дефект на затварач од Ф-100мм на ул. „Будимпештанска“ бр. 25, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: „Будимпештанска“, „Осло“, „Љубица Георгиева“, „Бањалучка“, „Хашка“ и дел од „Женевска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на дефектот (Општина Карпош).
· поради изведување на водоводен приклучок Ф-80мм на улица „Пиринска“ бр. 31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Пиринска“ и дел од ул. „Ленинова“ од 9:00 часот до завршување (Општина Центар).