Skip to main content
Спорт

Дејвис куп: Пораз на македонските тенисери од Црна Гора

11/06/2025  14:20

Македонската тениска репрезентација попладнево загуби од Црна Гора во второто коло од Дејвис купот од Трета Европска група.

Македонија имаше хендикеп особено во првиот меч, кога Амар Хусеиновиќ во седмиот гем од првиот сет се повреди (препона), па мораше да го предаде мечот по консултации со лекарскиот тим.

До тој момент неговиот ривал Алекса Кривокавиќ имаше предност од еден брејк, кој го направи на почетокот на мечот.

Во вториот меч Стефан Мицов загуби со 2-0 во сетови (61 61) од Петар Јовановиќ, кој беше доминатен во текот на целиот меч.

Во конкуренција на двојки за Македонија ќе настапат Калин Ивановски и младиот Кристијан Јанев. Ивановски ќе игра на место повредениот Амар Хусеиновиќ. За Црна Гора ќе настапат Симон Кнежевиќ и Алекса Кривокапиќ.