Skip to main content
Спорт

Дејан Недев и Венцислав Недев одликувани за развојот на традиционалното карате во Турција

09/02/2026  09:31

Под водство на Венцислав Недев и Дејан Недев, изминатиот викенд во Истанбул, Турција, успешно беше одржан семинар по традиционално карате.

Семинарот беше наменет за судии, тренери и натпреварувачи, при што беа презентирани борбени техники, кати, како и ИТКФ натпреварувачки правила за судии. Настанот претставуваше одлична можност за унапредување на знаењата и размена на искуства во духот на традиционалното карате.

На крајот од семинарот беа доделени дипломи за судии, како и дипломи за црни појаси. Македонските претставници Венцислав и Дејан Недев беа наградени со посебни признанија за нивниот придонес и развој на традиционалното карате во Турција.

Семинарот беше организиран од страна на Мелек Кошар, ќерка на основачот на карате спортот во Турција, Хаки Кошар.