Skip to main content
Македонија

Деца на Попова Шапка се обиделе да го ограбат манастирот

09/02/2026  20:13

Четири малолетни лица од село во Скопско се обиделе да ја обијат металната кутија за доброволни прилози во манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка, информираа од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, децата биле дел од организирана екскурзија, а инцидентот бил пријавен и евидентиран.

„Одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка на 7 февруари пријавил во СВР Тетово дека во манастирот затекнал малолетници кои со употреба на сила се обидувале да ја отворат металната каса за доброволни прилози. Утврдено е дека станува збор за четворица малолетници од скопско село, кои биле на организирана екскурзија. Тие заедно со нивниот одговорен наставник биле задржани на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.