
На маргините на Лидерскиот состанок ЕУ/Западен Балкан и Планот за раст, во организација на Атлантскиот совет и неговиот Центар за Европа, беше организирана дебата на тема „Премостување на јазот во довербата во приближувањето на Западен Балкан во евроинтеграциите“ која што се одржа во Министерството за надворешни работи и меѓународна трговија.

Она што е впечаток од панелот е дека беше растеретен од идентитетските прашања што доминираа во медиумските известувања од лидерскиот состанок Западен Балкан/ЕУ, туку се препознаваа и валоризираа придобивките што ги добиваме и ќе ги добиваме од ЕУ и од Планот за раст и дека Планот за раст не е замена за преговарачкиот процес, пишува Рацин.мк
Како еден од учесниците на овој панел, министерот за надворешни работи и межународна трговија Тимчо Муцунски ја реафирмираше пораката на еврокомесарката Марта Кос дека Западен Балкан на е предворје на ЕУ туку дел од неа и инвестиција во иднината на Европа.
Планот за раст е алатка за развој со која наместо некогашните ветувања се се отвораат шанси за реални испораки од двете страни. И од страна на земјите од Западен Балкан и од страна на ЕУ. Исполнувањата на обврските од Планот за раст ги прават реформите видливи во предвидлив рок, а сето тоа заедно го прави проширувањето остварливо, рече Муцунски.
Министерката за европски прашања во Владата на Црна Гора Маида Горчевиќ, се осврна и на другите важни аспекти на Планот за раст, како што е регионалната соработка.
Планот за раст не е само за развој на земјите од регионот и за нивно усогласување со стандардите на ЕУ, туку и за забрзана регионална соработка. Останува како обврската придобивките од Планот за раст и од Реформската агенда да им ги направиме видливи и да ги почувствуваат граѓаните, рече министерката од Црна Гора.
Горчевиќ уште додаде дека „заради тоа што го прави Русија во Украина, проширувањето на ЕУ мора да продолжи да биде успешна приказна.
Бен Нупнау, заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, на трибината рече дека Брисел внимателно ја следи имплементацијата на Реформската агенда од Планот за раст и се согласи дека еден од важните сегменти во него е развојот регионалната соработка и пазар и нивното усогласувањето со Единствениот европски пазар.
Симонида Кацарска, од Институтот за европски политики (ИЕП), говореше за имплементацијата на Планот за раст во првата година од аспект на миниторингот на процесите од реформската агенда на сите земји од Западен Балкан која ИЕП, заедно со партнерските организации од регионот остварува како гражански организации.
Планот за раст, иако е во фазата на својот „меден месец“ како што оцени Кацарска, е многу добредојден инструмент кој во прв план ја стави одговорноста на земјите членки во исполнувањето на реформската агенда.
Во вториот дел од дебатата министерот за надворешни работи и меѓународна трговија Тимчо Муцунски го издвои кохезивниот аспект на Планот за раст од социо-економски аспект, но додаде дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е и геополитичко и безбедносно прашање. На прашање од присутините на дебатата за континуитетот за неколку регионални иницијативи, како на пример „Отворен Балкан“, Муцунски рече дека регионалната соработа е многу важна за граѓаните и за бизнисите и ја спореди со придобивките од визната либерализација со која се овозможи поголема поврзаност на економиите и на граѓаните од земјите од регионот со земјите од ЕУ.