Претседателката Гордана Силјановска Давкова не го потпишала Указот за стапување на сила на Законот за заштита на децата.
За овој потег Давкова го информирала и Собранието и претседателот Африм Гаши.
Дека Давкова ставила вето на Законот за заштита на децата потврдија и од СДСМ, од каде повикаа власта целосно да се откаже од измените на Законот, кои според нив не се уставни и се донесени спротивно на собранискиот Деловник.
„Го поздравуваме непотпишувањето на Указот од страна на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова со што се отвораа оваа можност и бараме власта да се повлече од намерите поради спорните одредби кои ги содржи.Членот 9 и Членот 10 од Предлог Законот за измена којшто го предложи Владата значи воведување двојазични лиценци од областа на детската заштита. Спорно е што овој сегмент е регулиран со друг закон кој ја уредува употребата на јазиците, но и Уставот на државата.
Освен што се спорни одредбите во овој Закон, спорна е и целата процедура којашто насила се туркаше во македонското собрание. Предлог Законот од матичната Комисија за социјална политика, млади и демографија власта го префрли за расправа и дискусија во Комисијата за енергетика. Претседателот на Собранието го прекрши Деловникот само за да ја заобиколи надлежната Комисија за социјална политика, којашто е блокирана поради неприфаќање на Законот за посебните права на бранителите“ велат од СДСМ.