Skip to main content
Македонија

Давкова положи венец со свежо цвеќе на вечните почивалишта на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата

26/02/2025  15:28

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на 21 година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, денеска положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел” во Скопје.

Претседателката Сиљановска-Давкова положи венци со свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел” во Скопје.

Делегации на Кабинетот на Претседателот положија венци со свежо цвеќе на вечните почивалишта на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес, на Борис Велинов на гробиштата во населба Илинден и на Аце Божиновски на гробиштата во Бардовци