Skip to main content
Македонија

Давкова: Осумте децении работа на НУУБ ,,Св. Климент Охридски – Битола се долго духовно патување, посветен труд за зачувување и збогатување на библиотечниот фонд

29/03/2025  20:35

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола.

Во своето обраќање, таа ја истакна длабоката духовна и културна вредност на библиотеката, опишувајќи ја како „тврдина на идентитетот” и „свемир на знаење”. Осврнувајќи се на улогата на библиотекарите, ги нарече „храбри чувари на пишаниот збор” кои се бореле против заборавот, цензурата и варварството низ историјата.

Таа нагласи дека и покрај напредокот на технологијата и дигиталниот свет, книгата останува темел на мислата и културното издигнување.

Во своето излагање таа оддаде почит и на делото на Горан Стефановски, потенцирајќи ја неговата способност да го опише духот на времето и да ги отвори вратите кон суштинските прашања на современото општество.

„Вљубена сум во книгите, во прашање е доживотна фатална врска меѓу мене и книгите” рече претседателката, испраќајќи силна порака за љубовта кон читањето.

На крајот, таа го честиташе јубилејот, изразувајќи уверување дека библиотеката ќе продолжи да биде светилник на знаењето, дом на книгата и место каде што се гради иднината преку мудроста од минатото.