Skip to main content
Македонија

Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година

27/12/2025  09:04

Претседателката Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година.

Лауреати на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година се авторите Искра Лековска и Владимир Лековски од архитектонското студио „Лелелеле”, за проектот Православен храм – црква „Св. Рамноапостоли цар Константин и царица Елена” во Скопје.

Таа истакна дека наградувањето не е ларпурлартизам, ниту се наградуваат само резултатот и творбата, туку се евалуира процесот на истражување, трагање, компарирање, сомневање, преиспитување, kако и одговорниот однос кон просторот и луѓето во него.

Според неа, изборот на добитниците се темели на строга и аргументирана стручна обсервација на делата, во потрага по она што ги надминува професионалните стандарди и воспоставува нови критериуми во современата архитектонска практика.

Претседателката потсети дека архитектурата, како триаголник на наука, уметност и општествен ангажман, има суштинско влијание врз убавината и функционалноста на јавниот простор, односно врз квалитетот на урбаното живеење.