
Во СДСМ во тек е седница на Централниот одбор на која се бира ново раководство на партијата.
До овој момент избран е претседател на Градската организација на СДСМ а тоа е Александар Давчевски, дознава 24инфо.мк
За претседател на Централниот одбор избран е Герасим Лазов од Кавадарци.
Неофицијално за потпретседателка на партијата ќе.биде избрана екс министерката Јована Тренчевска.
На седницата на ЦО треба да се изберат и новите членови на Извршниот одбор на партијата.
