
Македонскиот кошаркарски стратег Борче Даскаловски е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Пелистер, објави денеска битолскиот клуб.
Даскаловски беше член на стручниот штаб на македонската машка сениорска репрезентација во претквалификациите за СП 2027, а претходно беше дел од А-тимот и додека селектор беше Јорданчо Давитков.
Тренерската кариера Даскаловски ја почна во Вардар, а продолжи во Карпош Соколи. Извесен период беше и дел од стручниот штаб во Астана, додека прв тренер на овој клуб во ВТБ-лигата беше Емил Рајковиќ.
Последен тренерски ангажман на Даскаловски беше како предводник на Кожув каде се задржа неколку месеци.