
Данската влада воведе посебна ноќна смена во Министерството за надворешни работи за следење на изјавите и работата на претседателот на САД, Доналд Трамп, пишува британскиот весник Гардијан.
„Ноќната стража“ започнува секој ден во 17 часот, а во 7 часот наутро испраќа извештај до данската влада и релевантните одделенија за тоа што рекол и направил Трамп.
Се смета дека смената е воведена по дипломатскиот спор пролетта меѓу Копенхаген и Вашингтон околу Гренланд, кога американскиот претседател се закани дека ќе ја преземе контролата врз тој арктички остров.
Данските медиуми наведуваат дека ноќната смена е еден од неколкуте примери како данската дипломатија и државната служба на земјата морале да се приспособат на вториот мандат на Трамп.
– Може да се каже дека ситуацијата во Гренланд и временската разлика меѓу Данска и САД беа доста важен фактор за воведување на овој систем во текот на пролетта, за Гардијан извор близок до Министерството за надворешни работи на Данска
Наместо секој да мора веднаш да посегне по телефон за да ги следи вестите од САД, Министерството за надворешни работи соопшти дека место тоа вложило „заеднички напор“ за да остане во тек со Трамп.
