Skip to main content
Свет

Данскиот крал во посета на Гренланд

18/02/2026  18:02

Данскиот монарх Фредерик X денеска пристигна во официјална тридневна посета на Гренланд. Како што објави весникот Politiken, тој слетал во главниот град Нук, каде што беше пречекан со државни почести од премиерот Јенс-Фредерик Нилсен и претседателот на парламентот Ким Килсен.

Првиот ден од агендата е насочен кон три клучни области. Кралот ќе се сретне со ученици во едно од средните училишта во Нук, ќе ја посети компанијата Royal Greenland – најголемата на островот и значаен играч во рибната индустрија – како и Здружената арктичка команда на данските вооружени сили, која има стратешка улога во регионот.

Посетата се реализира во период кога Арктикот добива сè поголемо глобално значење. Присуството на кралот ја потврдува поврзаноста меѓу Данска и Гренланд, но и ја нагласува важноста на островот во рамки на безбедносните политики на Кралството и неговите сојузници.