Skip to main content
Спорт

Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е Балкански карате-шампион

09/11/2025  20:10

Данило Божовиќ од карате клубот Макпетрол, освои златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Риека. На ова натпреварување во Хрватска учествуваат балкански држави со 1.390 пријавени спортисти.

Во финалната борба до 84 килограми за натпреварувачи на возраст У-21 Данило Божовиќ беше подобар од Реџеп Рушити и извојува победа со резултат 3-2.

До освојувањето на првото место, членот на скопски „Макпетрол“ ги оствари следните резултати против: Космин Дуеску (Романија) 4-0; Ѓорге Дурутовиќ (Црна Гора) 1-0; Георгиос Чацопулос (Грција) 3-2.