
Поранешната српска министерка за здравство и директорка на Институтот за онкологија, Даница Грујичиќ, изјави дека руската вакцина за лекување онколошки заболувања покажала одлични резултати кај животни, но дека по клиничките испитувања треба да се види како ќе биде кај луѓето и предложи лаици да не зборуваат за вакцините.
„Колку што знам, тие добија одлични резултати на животински модели, како никогаш досега. Ќе видиме како ќе биде кај луѓето“, изјави Грујичиќ, пренесоа белградски медиуми на своите сајтови.
Таа предложи дека би било подобро оние кои не се лекари и експерти да не зборуваат или да не коментираат за руските вакцини.
„Инаку, ниедна руска компанија во Србија не можеше да заврши никаква работа со години, без оглед на „одличните“ односи“, истакна Грујичиќ.
Државните претставници – претседателот на Србија Александар Вучиќ и министерот задолжен за меѓународна економска соработка Ненад Поповиќ – јавно зборуваа за руската вакцина во изминатите денови.

