Skip to main content
Скопје

Данела возврати по навредите од ВМРО: Немирот кој го видел во мене е кога цела година седеше со мене на маса и коваше планови за криминал во Град Скопје

01/06/2025  18:21

“Ќе застане ли некој на патот на криминалците МИЦКОСКИ и ВЛЕН? Не само што не постапуваат по пријавените неправилности и очигледниот криминал кој се случува во општина Чаир, поткрепен со докази и аргументи, тие продолжуваат да се заштитуваат меѓусебе и да се закануваат со некаква „дестабилизација”, пишува градоначалничката Арсовска по соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелирам и до институциите кои би требало да се против насилие врз жените, меѓународните организации во Македонија, до амбасадите и до сите останати граѓански организации кои се занимаваат со борба против корупцијата, но и со дискриминацијата и шовинизмот.

Христијан Мицкоски денес во недостаток на одговор за сомнежите на неговите бизнис партнери од Чаир почнаа да ме девалвираат со разноразни мизогени и шовинистички придавки и навреди.

Да го потсетам Мицкоски, немирот кој го видел во мене е кога секој ден цела година седеше со мене на маса и коваше планови за криминал во Град Скопје.

Политичката дезориентација која ја забележал кај мене е кога секој ден седејќи си мене во разговорите еден ден ми се презентираше како чесен професор, а други ден како мафијаш.

Ќе застане ли некој на патот на овие криминалци, на патот на овие шовинисти? Има ли меѓународен фактор во земјава, има ли невладини организации за заштита на жените од напади, дискриминација и шовинизам?, додаде градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.