Skip to main content
Скопје

Даме Димитровски избран за нов претседател на Советот на Град Скопје

07/11/2025  13:02

Советот на Град Скопје на конститутивната седница го избра проф. Даме Димитровски за претседател, на предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека работата ќе ја води со „дијалог и транспарентност“, со цел Советот да излезе од блокади и да ја врати функционалноста на градските служби.

Новото раководство се формира по изборите во кои ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу советнички места, додека останатите групи најавија дека ќе ја мерат новата гарнитура според ефектите: буџетска дисциплина, јавен превоз и чистење на градот. Димитровски претходно порача дека нема да биде „нем набљудувач“ и дека приоритет ќе бидат брз, модерен превоз и јасна контрола врз градските јавни претпријатија.