Далибор Тодоровски од Долно Лисиче е најсреќен и успеа да го фати светиот крст во осветените води во комплексот “Јасика”.
За првпат оваа година на ова место се организира манифестацијата Водици, а според организаторите настанот помина повеќе од одлично.
“Водици 2025 Долно Лисиче” го поддржаа повеќе спонзори, кои обезбедија вредни награди за капачите, настанот беше поддржан и од градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески со донација и присуство.
Честитки до сите храбри момци и едно девојче кои беа пријавени да скокаат по светиот крст.