
Влеговме во последниот месец од зимата, а во претходниот студен период во многу станови и куќи се наталожи влага и мувла. Имунитетот на луѓето и онака е ослабен во текот на зимата, особено на најмладите членови на семејството, а ако на тоа се додадат и „непосакуваните“ гости во домот, тогаш имаме сериозни здравствени ризици.
Освен што произведуваат алергени, влагата и мувлата се извор на иритирачки и многу токсични материи. Потенцијалните предупредувачки знаци може да вклучуваат насолзени очи, чешање на кожата, конгестија и метален вкус во устата.
Кога вдишуваме мали парчиња мувла, тоа може да предизвика алергиска реакција во синусите и белите дробови, како и трајна блокада на респираторниот систем. А има и потешки форми, па ако некој добил труење од мувла, може да доживее замаглена глава, како нејасност и збунетост.
Сите сè уште се сеќаваат на случајот со двегодишното момче Аваб Исак, кое почина во декември 2020 година од респираторна состојба предизвикана од мувла. Тој живеел со своите родители во еднособен стан во Манчестер, а причината за неговата смрт била „тешка респираторна состојба предизвикана од продолжената изложеност на мувла“ во неговата домашна средина.
Експертите идентификуваа широк спектар на ефекти на мувла и влага врз човечкото тело.
– Вдишување или допирање на мувла може да предизвика алергиска реакција , како што се кивање, течење на носот, црвени очи и осип на кожата. А луѓето кои се повеќе склони кон труење со мувла се оние со ослабен имунолошки систем.
– Ги влошува состојбите кај луѓе кои имаат проблеми со кожата како егзема, како и кај луѓе кои страдаат од респираторни проблеми како што се алергии и астма. „Може да ја намали функцијата на белите дробови и да предизвика хронични здравствени проблеми како што е астмата“, вели Џероен Дувес, професор по јавно здравје на Универзитетот Маси.
– Тоа се влошува или предизвикува проблеми со менталното здравје, па луѓето кои живеат во влажни домови се исто така изложени на зголемен ризик од депресија.