Skip to main content
Живот

Дали знаете што претставуваат боите во кои ги бојадисуваме велигденските јајца?

31/03/2025  18:18

Уште од раното детство сигурно се сеќавате како седевте на кујнската маса и боевте јајца во разни бои. Оваа велигденска традиција е многу стара и секоја година е неизбежен дел од многу домаќинства ширум светот што го слават Велигден. Но, дали знаете какво значење се крие зад одредени бои со кои ги боиме јајцата?

Црвена

Оваа боја се поврзува со крвта на Исус Христос. Затоа, црвената боја е симбол на љубовта и жртвата за доброто на сите луѓе.

Виолетова

Виолетовата боја за време на Велигден го претставува царството и се смета дека носи богатство.

Зелена

Освен што е боја на тревата, зелената боја носи и зрак надеж, па затоа претставува раѓање и обнова. Новите растенија се појавуваат кога тревата и листовите повторно стануваат зелени.

Светлосина

Ова е боја што го симболизира рајот или небото и водата. Светлосината боја исто така означува почеток на ново создавање, мир и хармонија. Имено, чистото сино небо и дождот се оние што овозможуваат развој на новата пролет.

Жолта

Не е изненадување што жолтата боја се поврзува со сончевата светлина. Тоа е боја што носи среќа и радост.

Портокалова

Портокаловата боја претставува надеж и се поврзува со новото разденување, почетокот на новиот ден и новата годишна доба.

Розова

За време на Велигден, розовата боја симболизира нов, свеж почеток. Исто така, оваа боја се поврзува со разиграноста.