Skip to main content
Македонија

Дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ги заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ, прашуваат од подмладокот на СДСМ

11/06/2025  15:54

Денеска поставуваме сериозно и алармантно прашање: Дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ги заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност, велат од СДММ за палењето пиротехника на прославата на подмладокот на најголемата владеачка партија.

Откако УМС на ВМРО-ДПМНЕ славеа со пиротехника во момент кога цела Македонија тагува по трагедијата во Кочани, вели Бојан Цветаноски – претседател на ЛК СДММ Прилепс, кандалот стана уште поголем.

„УМС објави демек „доказ“ дека го пријавиле настанот и пиротехниката, но дали е валидно и дали станува збор за фалсификат? Нема повратница од Министерството за внатрешни работи – со што би се потврдило дека оваа пријава навистина е доставена и примена во законскиот рок. Не е наведена количината на пиротехнички средства што ќе се користат – што е обврска според член 39 од Законот за употреба на пиротехнички средства.

Но што е клучно. На документот стои ознака со број 23.23.5.5188/2. Според нашите информации ова е интерна ознака, која не ја става известителот, туку ја додава началникот на СВР по приемот на актот. Тоа значи – оваа ознака не може да биде дел од документот што го објавува УМС туку е службена ознака по прием“, вели Цветаноски.

Според него, со други зборови, „оваа хартија што се обидоа да ја протнат како легален документ постои голема веројатно дека не е релана“. Подмладокот на СДСМ бара одговори од МВР и министерот Панче Тошковски.

„Дали е ова фалсификат? Нема правда ако институциите фалсификуваат документи за да ги штитат партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ако ова се потврди, ќе бараме кривична одговорност за сите инволвирани, од извршителите до политичките наредбодавци“, рече Цветаноски.