
Метео анализа на Славчо Попоски:
Територијата на нашата Република Македонија во периодот од 2 јуни (понеделник) па се до 8 јуни (недела) ќе биде зафатена од првиот поголем топлотен бран од Африка за оваа сезона. Во ваква ситуација, температурите на воздухот ќе бележат голем пораст, а времето ќе биде многу постабилно и релативно суво. Сепак, можни се сосема мали исклучоци, односно, ќе има услови за сосема мало и краткотрајно дестабилизирање на атмосферата, кое може да услови локална појава на сосема краткотраен дожд.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период температурите ќе бележат голем пораст, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и со многу повеќе сончеви периоди.

Температурите на воздухот во текот на следната седмица ќе бидат прави летни и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека од средината на следната седмица температурите во Повардарието ќе надминуваат 35 степени. И во Скопје и околината температурата во текот на следната седмица ќе надминува 30 степени, додека од средината на истата температурата ќе се искачи до околу, па и ќе надминува 35 степени.