Спиење со чорапи често предизвикува голема дебата. Некои го сакаат, особено во текот на зимата, додека на други и самата помисла на тоа предизвикува непријатност.
Тешко е да се постигне релаксација кога стапалата се ладни. Но, дали има некои специфични придобивки од спиењето во чорапи, освен да ве загрее? Всушност, постојат. Спиењето во чорапи има изненадувачки здравствени придобивки.
„Може да ја подобри циркулацијата, да ја одржува телесната температура и потенцијално да го подобри квалитетот на спиењето“, објаснува д-р Нил Х. Пател за Yahoo Life. Според Sleep Foundation, температурата на телото се намалува за време на спиењето.
Затоплувањето на стапалата со чорапи помага за ладење на телото преку вазодилатација на крвните садови, што може да го подобри квалитетот на сонот, објаснува др. Алекс Димитри.
,,Како што температурата на телото се намалува, луѓето влегуваат во подлабоки фази на спиење“, додава тој. Истражувањата покажуваат дека спиењето во чорапи може дури и да го подобри вашиот сексуален живот.
Дали има некакви ризици за спиење во чорапи?
Спиењето во чорапи не се препорачува за секого. Луѓето со дијабетес, инфекции на стапалата, треска или склоност кон вдлабнати нокти треба да се консултираат со лекар пред да ги носат, советува др. Пател. Претесните чорапи може да ја попречат циркулацијата, додека прекумерното потење или иритација на кожата исто така може да биде проблем.