Skip to main content
Магазин

Дали месото треба да се мие пред готвење?

09/06/2025  17:20

Многу луѓе се прашуваат дали месото треба да се мие пред подготовка.

Многу луѓе се придржуваат до некое непишано правило, па затоа секогаш го плакнат месото под млаз вода пред готвење, но се поставува прашањето, дали ова е воопшто неопходен чекор?

Месото може да содржи разни бактерии и вируси, и ова е една од главните причини зошто луѓето го мијат. Во некои земји дури користат киселини како лимон или оцет.

Различни истражувања и лабораториски тестови покажаа дека миењето на сурово месо со обична вода од чешма не е ефикасно во отстранувањето на бактериите и всушност може да направи повеќе штета отколку корист, бидејќи патогените вируси се шират на работната површина и другата храна.