Skip to main content
Балкан

Дали мајката навистина го фрлила детето во Сава – Службите пребаруваат и со чамци и со дронови

16/01/2025  10:47

Полицијата и службите утрово ја продолжија потрагата во реката Сава по детето, која синоќа околу 21 час беше прекината поради лоши временски услови.

На теренот, покрај полицијата, според податоците од Јавното противпожарно здружение (ЈПЗ), на теренот се вклучени џет-ски, чамци, дронови и квад. Хрватската служба за планинско спасување (HGSS) учествува со седум луѓе, два чамци и еден дрон. Хрватскиот црвен крст е присутен со еден чамец и џет-ски. Интервентната единица на МВР користи еден чамец.

Цивилната заштита употребила три дронови, а во потрагата се вклучи и Заедницата на пожарникари на Загрепската жупанија.

Загрепската полиција вчера објави дека интензивно го пребарува коритото на Сава во потрага по детето, чие мајка била спасена од реката.

Според информациите, мајката изјавила дека заедно со детето во раце влегла во реката Сава во средата околу 16:10 часот, во близина на мостот Јанкомир.

Мајката добила медицинска помош, додека полицијата презема „интензивни мерки за пронаоѓање на детето“, соопштија властите, пренесува Index.

Сомнежите се дека мајката го фрлила деволчето во Сава.

„Приказната е ужасна, навистина ужасна“, повторуваше адвокатот Милко Крижановиќ за Dnevnik.hr, одбивајќи да изнесе повеќе детали и молејќи за разбирање.

Адвокатот кој ја застапува мајката изјави за Jutarnji.hr дека семејството подолго време било под надзор на Центарот за социјална заштита.

„Центарот е детално запознаен со семејните проблеми, а полицијата преку истрагата ќе побара одговори и од социјалните работници за да го состави целосниот мозаик на оваа трагедија“, изјави адвокатот.