
Синот на актерот и пејач Драган Спасов – Дац, Јаков Спасов и неговата сопруга Софија станаа родители по втор пат, откако на свет дојде малата Зои.
Среќната вест ја објави актерот Драган Спасов Дац кој по втор пат стана дедо.
„Добив уште една внука. Честитки мама Софија и тато Јаков. А јас.. јас сум втор пат дедо! Нека се множи среќата. Добредојде Зои!“, напиша Дац на објавата со фотографија од среќните родители.